Naslovnica: ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ
Izdanja:PDF (Makedonski)
ISBN: 9989659338
Stranica: 774

Во книгата „Времето и знаците“ на показ е изнесено изворното библиско сценарио за последните настани од историјата на нашата планета Земја видени со пророчкото око на библиските пророци и апостоли и напишани со нивна рака во Божјата света книга наречена Библија или Свето писмо. Според тоа, не станува збор за некакви пророштва на Нострадамус, ниту за некои и некакви други квази-пророштва на други квази-пророци, туку зборуваме исклучиво за библиските пророштва кои се однесуваат на „последното време“, на „последните денови“ и на „крајот на светот“, како што се нарекува ова наше време и овие наши денови во Библијата